Што да гледате на Нетфликс и Ејџ-би-о овој викенд?

Фото: Скриншот/Јутјуб

Како и секој петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на Нетфликс и Ејџ-би-о овој викенд?“.

Викендите се секогаш резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.

„True Spirit“ – филм на Нетфликс

Австралиска тинејџерка планира да стане најмладиот морнар кој сам го пропатувал светот. Притоа, храбрата 16-годишна девојка не само што сака да го исполни својот сон, туку истовремено се соочува и со своите најголеми стравови.

Жанр: крими-трилер / „IMDB“ оценка: 6.8 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 79%

Maestro in Blue“ – серија на Нетфликс

За време на пандемијата, музичар патува на еден остров за да организира музички фестивал. Тој започнува романса и се наоѓа среде туѓи животни проблеми.

Жанр: драма / „IMDB“ оценка: 8.4 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 96%

True Things“ – филм на Ејџ-би-о

Кејт месечари низ животот кога случајната сексуална средба со харизматичен странец ќе ја разбуди. Сето тоа прераснува во неверојатен љубовен занес.

Жанр: драма / „IMDB“ оценка: 5.9 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 81%

„Rain Dogs“ – серија на Ејџ-би-о

Дива приказна за љубовта на мајката кон нејзината ќерка, за вкоренетите и страсни пријателства и за извонредноста спречена од сиромаштијата и предрасудите.

Жанр: драма / „IMDB“ оценка: 6.3 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 100%

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот