Што да гледате на Нетфликс и Ејџ-би-о овој викенд?

Фото: Profimedia/Скриншот/Јутјуб

Како и секој петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на Нетфликс и Ејџ-би-о овој викенд?“.

Викендите се секогаш резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.

„The Office“ – серија на Нетфликс

Заснована на истоимената популарна британска комедија, „The Office“ се одвива во и околу момпанијата за хартија „Дандер Мифлин“ во Скрентон, Пенсилванија. Серијата го користи истиот документарен стил како оригиналот.

Жанр: комедија / „IMDB“ оценка: 9 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 81%

„You People“ – филм на Нетфликс

Нов пар и нивните семејства ја истражуваат модерната љубов и семејната динамика среде судирите на културите, општествените очекувања и генерациските разлики.

Жанр: комедија / „IMDB“ оценка: 5.6 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 42%

„Parks and Recreation“ – серија на Ејџ-би-о

Ја следиме Лесли Ноуп, административка во Одделот за паркови и рекреација во Пауни, Индијана, во нејзиниот обид да го разубави својот град и да напредува во својата политичка кариера низ урнебесно здодевниот свет на локалните власти.

Жанр: комедија / „IMDB“ оценка: 8.6 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 93%

„George Carlin’s American Dream“ – филм на Ејџ-би-о

Кариерата на Карлин траела половина век еволуирајќи и кореспондирајќи со времето сè до неговата смрт во 2008 година. Документарецот го истражува културниот камелеон кој е запаметен како еден од највлијателните стенд-ап комичари на сите времиња.

Жанр: документарец / „IMDB“ оценка: 8.3 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 100%

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот