Што би правела Барса без Меси, два гола за две минути! (ВИДЕО)

EPA-EFE

Барса ја заврши сезоната со реми на гостувањето кај Еибар со конечен резултат (2:2)…

Сите голови на мечот Еибар-Барселона во последното коло од шпанската „Ла Лига“ беа постигнати во текот на првото полувреме, најпрвин Кукуреља донесе позитива за домаќините кој од непосредна близина го матираше Силесен во 20. минута.

Потоа, Меси за период од две минути се погрижи за целосен пресврт, со погодоците во 31. и 32. минута на „Ипуруа“ стадионот. Пред самата пауза за нов егал на мечот донесе Де Бласис за вкупно 14. реми сезонава во „Ла Лига“.

На конечната табела Барса го освои првото место со вкупно 87 бодови, додека 40 помалку има Еибар кој од претходно обезбеди опстанок и заврши на 12. позиција.

Барселона, Атлетико Мадрид, Реал Мадрид и Валенсија наредната сезона ќе играат во групите од Лигата на шампионите, потоа Хетафе во групите на Лига Европа, а Севиља и Еспањол во квалификациите за ЛЕ.

Во понизонг ранг одат Хирона, Уеска и Рајо Ваљекано на нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот