Што бараат азиски репрезентации на Копа Америка?

Селекцијата на Парагвај настапите на Копа Америка ги започа играјќи нерешено (2:2) со Катар. Иако Парагвај кој ја имаше фаворитската улога, водеше во текот на целиот натпревар, но во самиот финиш прими два гола и на крајот мораше да се задоволи само со бод на премиерниот настап на Копа Америка.
Катар е една од двете азиски репрезентации кои добија специјална покана за учество на натпреварувањето во Јужна Америка.

– Пологично би било на Копа Америка сите репрезентации да бидат од два американски контитенти. Никогаш не сум видел на европско натпреварување да повикаат јужноамерикански тим. Не сакам да бидам погрешно сфатен, целта не ми е да понижувам некого. Но верувам дека на ова натпреварување треба да учествуваат репрезентации од Јужна, Централна и Северна Америка. Што бараат тука Јапонија и Катар? – вели селекторот на Парагвај, Едуардо Беризо.

Во второто коло, на 20 јуни, Парагвај игра против Аргентина, додека еден ден порано се среќаваат селекциите на Колумвија и Катар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот