Што ѝ направи Џеки Кенеди на сопствената сестрa? Жената на која богатството ѝ донесе само несреќа (ФОТО)

Во едно од ретките интервјуа што ги дала за Њујорк тајмс, Ли Радзивил, сестрата на Џеки Кенеди, се присетила на разговорот што го водела со британскиот принц Филип, кој и се пожалил дека живее во сенка на кралицата.

Profimedia

Ти и јас секогаш одиме 3 чекори одзади“, и рекол тој тогаш, алудирајќи на нејзиниот живот покрај славната и обожаваната сестра Џеки.

Детали од нејзиното богато животно искуство во високото американско и европско друштво сумирани се во книгата едноставно наречена „Ли“, која излезе пред неколку години.

Приказната за нејзината книга е поинтересна затоа што во далечната 1970 година Ли морала да го врати големиот аванс што го земала за мемоарите кои никогаш не ги напишала. Таа тогаш сфатила дека не може да си ја разголи душата пред светот и со тоа да ја загрози својата славна сестра Џеки, која благодарение на бракот со американскиот претседател Џон Кенеди, станала истакната политичка и социјална фигура во САД.

Денес сè е веќе напишано или кажано во многу неавторизирани биографии кои откриле пикантерии од животот на сестрите. Според информациите од книгата „Во сенката на сестрата“, на официјалните приеми Ли и Џеки секогаш стоеле настрана и си шепкале коментирајќи ги гостите.

Profimedia

Сестрите пораснале во Саутемптон во добро ситуирано семејство. Нивното среќно детство, ненадејно било прекинато со разводот на нивните родители. Мајка им Џенет Ли веќе не можела да се справи со коцкањето и со алкохолизмот на нивниот татко Џек Буви, па затоа побарала развод. Оваа одлука многу ги погодила Ли и Џеки, кои го идеализирале својот татко и се натпреварувале за неговото внимание. Бувие наводно во тоа време изјавил дека Џеки е најубавата ќерка кој еден татко може да ја има, што јасно ставило до знаење дека повеќе е наклонет кон неа. Иако ја обожавал Џеки, не ја испратил до олтарот кога се омажила за Џон Кенеди. Џенет Ли му забранила да се појави на венчавката, затоа Џеки до олтарот ја испратил нејзиниот очув.

Ли цело време страдала во тишина

Како тинејџерка имала неколку килограми повеќе, па нејзината мајка секогаш и велела да се огледа на својата слаба сестра, која била подобар материјал за семејниот план за „добар брак“. Таа се обидела да ја избегне сенката на нејзината сестра со тоа што се омажила за Мајкл Темпл Канфил, но бракот бил далеку од идеален. Мајкл многу пиел, а Ли некое време го трпела тоа и се обидувала да ја одржи сликата на хармоничен брак. Вистината била дека немало каде да се врати. Враќањето дома со наведната глава би било социјален срам и знак на пораз во вечното и заморно натпреварување со својата сестра.

profimedia

Претставата за јавноста траела сè додека не се впуштила во тајна врска со полскиот политички азилант, принцот Стас Радзивил. Најпосле крајот на агонијата бил на повидок. Да се стане принцеза дури и без државни или службени титули, кои на Радзивил му биле одземени за време на Втората светска војна, била прилика која не се пропушта. Ли го напуштила Мајкл и со помош на сестра си успеала да добие дозвола од Папата за поништување на бракот, и во 1959 година во Лондон се омажила за Радзивил, со кого набрзо добила две деца – Ана и Ентони.

Нов почеток во нов град значело живот кој отсекогаш го сакала

Сите ја славеле Ли, не како помлада сестра на Џеки Кенеди, туку како трендсетерка, дама со педигре, жена која знаела да ги приреди најдобрите забави на кои сите сакале да бидат поканети.

„Живеевме во прекрасна куќа во непосредна близина на Бакингемската палата. Го поседувавме и најубавиот имот во Англија“, рекла Ли во едно интервју.

Тоа биле времиња кога се живеело во изобилство, а опкружена со интелектуална и уметничка елита Ли претставувала идеал на секоја дебитантка од високото друштво, која сонувала еден ден да се омажи за својот принц и да ги краси насловните страници на светските медиуми облечена во креации на познати модни куќи.

Profimedia

Во тоа време Ли станала модна икона. Низ куќата се шетала во раскошни кафтани, а за јавните настани избирала свечени креации со потпис на американски дизајнери. За разлика од Џеки, која морала да биде одмерена како прва дама на нацијата, Ли можела да си дозволи поризични и послободни комбинации на гардероба, секако никогаш вулгарни, но за тоа време често провокативни.

Животот на домаќинка од високото друштво брзо и здодеал на Ли, а големиот интерес на медиумите за нејзиниот лик и дело ја натерало да ја проба среќата во шоу бизнисот. Нејзиниот голем пријател, а подоцна заколнат непријател, Труман Капоти, ја убедил дека треба да глуми.

Капоти ја обожавал Ли од многу причини. Една од нив била таа што на почетокот на пријателството можел да ја контролира, а другата, секако, бидејќи и била сестра на најмоќната жена на Америка.
Актерските амбиции на Ли брзо стивнале поради лошите критики за нејзината глума. Долго време изјавувала дека за нејзиниот дебакл виновно е славното презиме поради кое луѓето не и даваат шанса да се докаже. Вистината била дека часовите по глума за првпат од неа ги извлекле суровите емоции кои како дете и тинејџерка не успеала да ги покаже, затоа што таа и сестра и биле воспитувани секогаш да се воздржуваат и да не ги покажуваат своите емоции.

И на вториот брак му се ближел крајот, а Ли веќе била во љубовна врска со грчкиот бродосопственик Аристотел Оназис. Во приказната помеѓу Оназис и Ли се вмешала Џеки. Медиумите денеска нагаѓаат дека Ли го интересирала Оназис само за да дојде до Џеки. Постарата сестра повторно ја престигнала, а овој пат срамот бил јавен и проследен во сите светски медиуми. За една жена од нејзината класа ситуацијата не можела да се развие на полош начин. Но вистинските проблеми допрва почнувале.

Profimedia

Ли била принудена го продаде целиот свој имот за да ги подмири долговите и да побара помош од Џеки, која се погрижила за децата. Во длабока депресија Ли почнала да пие таблети. На повидок немало потенцијален партнер кој би можел да ја издржува на начин на кој што сакала таа, нејзината сестра се сметала за голема дама, модна икона, додека на неа се гледало како на изгубена жена, неспособна да си го доведе својот живот во ред.

Од принцезата Ли, таа преку ноќ станала бохо-девојка која ги „затворала“ клубовите во друштво на Мик Џегер и Енди Ворхол. Мажите се натпреварувале за нејзиното внимание, но ниту еден од нив не и понудил дијамантски прстен и не и ја дал толку потребната гаранција и стабилност.

Ли се обидела да работи за да собере пари. Емисијата која ја осмислила за CBS, пропаднала веднаш по првото прикажување, потоа почнала со дизајнирање на интериери, во што се покажала како талентирана и тврдоглава дизајнерка. Едно време работела на уредување на хотели, но набрзо се откажала и го затворила студиото, велејќи дека работата како декоратер едноставно е претешка за неа.

Сестра и ја натерала да оди на состаноци на анонимни алкохоличари на кои сама ја возела и ја чекала пред зградата, за да биде сигурна дека Ли ќе остане до крајот на состанокот.

Во 1986 година Ли се опоравила и била спремна да ги реши своите проблеми. Во нејзиниот живот се појавил кореографот и режисер Нерберт Рос, со кого се омажила и покрај противењето од страна на Џеки. Рос бил бисексуалец и тоа го знаеле сите и затоа Џеки била загрижена за кревкото ментално здравје на нејзината сестра и што ќе се случи со неа ако Рос ја изневери и ја остави.

Во 1980 година Ли се запознала со Џорџо Армани, кој бил воодушевен од нејзината елеганција и дух. Од 1985 година била на функција како ПР директорка за модната куќа Армани, промовирајќи го италијанскиот бренд меѓу своите отмени пријатели и клиентела.

Profimedia

Кога се чинело дека работите конечно се на свое место, Џеки се разболела од тежок вид карцином и умрела во 1994 година. Тестаментот бил шокирачки. Џеки не и оставила ни цент на Ли, веројатно мислејќи дека во текот на животот доволно и помогнала. Бракот со Рос не се одвивал баш најдобро. Ли тврдела дека режисерот бил опседнат со својата поранешна сопруга, балерина, која исто така починала од карцином. Рос починал во 2001 година од срцев удар, па Ли повторно била сама.

Во живот испреплетен со разочарувања и восхитувања, принцезата Ли одлучила да го има последниот збор.

Ја напуштила Америка и одлучила да се смири во Париз, каде што живеела се до својата смрт во 2019 година.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот