Штипското Инфективно одделение и струмичката болница исполнети до последниот кревет

Скопје, Инфективна клинија / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Инфективното одделение во штипската Клиничка болница е исполнето до последниот кревет. Со истиот проблем се соочува и струмичката болница каде се лекуваат ковид-пациенти.

Директорот на Клиничка болница – Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека во моментов на Одделението се хоспитализирани 55 пациенти, од речиси сите општини од источниот регион на земјава.

– Почнавме со препраќање на пациентите во кочанската болница, бидејќи кај нас нема слободни болнички кревети. Може да се случи, во текот на овие денови и пациенти од Штип да бидат испратени на болничко лекување во болницата во Кочани, изјави Ѓеорѓијев.

Тој истакна дека 10 пациенти инфицирани со коронавирусот се со потешка клиничка слика и се на кислородна поддршка.

Директорот на струмичката болницата, Наќе Гогов, информираше дека сите 39 кревети наменети за лекување на ковид-пациенти во струмичката болница се полни, а секојдневно на амбулантско лекување доаѓаат и дваесетина пациенти со полесна клиничка слика.

-Капацитетот на Инфективното одделение од 20 кревети од порано е исполнет, а од вчера и ковид центарот со капацитет од 19 кревети е полн. Засега успеваме со нашите ресурси да одговориме на потребите на пациентите, но доколку и понатаму продолжи трендот на зголемене број на новозаразени ќе мораме да ги прошируваме капацитетите, рече директорот Гогов.

Заради недостиг од медициски персонал деновиве раководството на болницата побарало од ресорното министерство да дозволи распоредување на дополнителни десет лекари од други болници во државата и прием на шест медицински сестри.

-Доколку нема средства за прием на нови сестри, тогаш да ни дозволат да ги ангажираме со договор на дело за да можеме да функционираме, додаде Гогов.

Инаку, досега на подрачјето кое го покрива Центарот за јавно здравје во Струмица, се регистрирани 558 лица со Ковид-19, а во моментов активни се 358 случаи на различна возраст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот