Штипските пожарникари гаснеле четири пожари на стрништа и сува трева

Фото: МИА

Почна палењето на стрништа по жетвените активности на оризот во штипскиот и карбинскиот регион. Штипските пожарникари во изминатите седум дена имале вкупно осум интервенции на терен, од кои половина од пожарите биле на стрништа и сува трева во руралните средини.

Командирот на Територијалната Противпожарна единица, Тони Атанасов денеска вели дека на запалено стрниште интервенирано е во селото Долни Балван, а сува трева што е запалена од земјоделци или сточари во селата Драгоево, Криви Дол и Долни Балван.

Тој апелира земјоделците и сточарите да не ги палат стрништата и сувата трева, бидејќи пожарот кој го оставаат зад себе може да се прошири и на шума, но и на куќи и викендици, со што може да се направи дополните материјални штети, но и да се загрози човечки живот.

Во моментов на нивите во штипскиот и карбински регион земјоделците интензивно ги подготвуваат нивите за сеидба на жито, а која годинава доцни поради сушата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот