Штипските епидемиолози почнаа со првите контролни брисеви на текстилните работници

Најброен во Штип и понатаму останува текстилниот кластер, кој брои над 130 позитивни случаи.

Епидемиолозите од штипскиот Центар за јавно здравје денеска и утре интезивно ќе ги земаат првите контролни брисеви на 53 текстилни работници од првата текстилна компанија, која беше затворена по појавата на коронавирусот. Директорката на Центарот за јавно здарвје-Марија Димитрова вели дека секојдневно пристигнуваат и резултатите од масовниот скрининг на текстилните работници. На повеќе од нив, кои беа тестирани им се пристигнати, на мал дел се повторени.

Во текот на наредната недела ги очекуваат и резултатите од тестирањето на вработените во штипските детски градинки, кое заврши вчера, а беа тестирани над 230 вработени во градинките.

Инаку во Штип се појави и шести кластер, откако скопјанец не знаејќи дека е позитивен на коронавирус дошол на гости во Штип, по што тројца се заразени, а десетина штипјани од овој кластер се во самоизолација. Најброен и понатаму останува текстилниот кластер, кој брои над 130 позитивни случаи.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека денеска имаат 21 пациент на болничко лекување, кои не се само од Штип, туку има и од остантите општини од источниот регион. Едно лице е суспектно и за него се чекаат резултатите од земениот брис. Пациентите се со стабилна здравтсвена состојба, а тројца од нив се со повремена кислородна поддршка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот