Штипскиот адвокат Мицевски одби да ги брани насилниците: Ќе помогнам, но на девојчето!

Пријатели на семејствата на насилниците од Штип кои денес беа лишени од слобода откако се појави видео на кое се гледа како претепуваат девојка, го контактирале штипскиот адвокат Кристијан Мицевски да ги застапува, но тој ги одбил.

За јавноста појаснува дека нема сума на пари која би го натерала да ги брани насилниците.

-Го пишувам ова, па макар и лиценцата да ми ја одземат. Пред некое време, денес, добив повик од пријатели на семејствата на ,,тепачите” да им бидам адвокат и да ги бранам, да сум помогнел. Мојот одговор беше – Да, јас ќе помогнам, ама на девојчето! Затворив слушалка… Добро бре ,,фраери”, дали сте нормални вие? Баш ме интересира кој колега добар збор за вас ќе каже? Има ли пари кои ќе ме натераат на тоа? Поздравете по дома, па ќе се видиме за некоја година, квази фраери! – напиша Мицевски на својот Фејсбук профил.

Откако денес на социјалните мрежи беше споделено видеото со насилството врз девојката, кое ја вознемири јавноста, од МВР потврдија дека насилниците биле уапсени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот