Штипски крадци пуштошеле викендички и куќи во градот и околината

Штип / Фото: МИА

Полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Штип, по преземени оперативни мерки и активности, расчистија шест кривични дела „тешка кражба” и едно кривично дело „кражба” извршени во периодот од 10.11. до 08.12.2022 од викенд куќи и куќи на подрачјето на Штип.

Поради сомнение дека ги извршил делата, од слобода бил лишен Е.Ј.(18) од Штип. Во службен разговор во полициска станица тој ги признал кривичните дела. Поголем дел од украдените предмети биле пронајдени, одземени и вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите против него ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

По преземени мерки и активности дополнително се расчистени уште четири кривични дела „тешка кражба” извршени во текот на 2022 од товарно моторно возило, бутик, стан и куќа, за кои постојат основи на сомнение дека ги извршиле Д.М.(33), С.С.(26), Е.М.(20) и еден малолетник, за кои од претходно се преземени мерки. По комплетирање на случаите против лицата до ОЈО ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот