Штипска веселба: Оро, шамичиња и едно полициско возило (ВИДЕО)

Се објавува, па се брише. Повторно се објавува, па повторно некој го брише. Тоа е судбината на овој видео клип, за кој не се знае од кога е, ниту од каде е, но на социјалните мрежи се шпекулира дека е од штипскиот крај и дека е неодамнешен. На материјалот се гледа, дека полициски автомобил, ги игнорира развеселените и во поголема група собрани славеници, кои на гласна музика прославуваат нешто. Мајки со деца во рацете, развиорени шамичиња, оро, граѓани-сниматели на терасите и полициска патрола која ја одминува веселбата а снимателот ги отпоздравува со ,,чао”!

Слободен печат праша во МВР зошто полицијата не ја разбила оваа група која се собрала во поголем број од двајца, наспроти одлуката на владата тоа да не се прави. Полицијата уште нема утврдено од кога е видео материјалот.

,,Доколку се утврди дека видеото е направено во период кога се на сила одлуките на Владата, односно доколку се потврди неговата автентичност, полициските службеници ќе ги преземат сите мерки со цел соодветно санкционирање на учесниците во истото”, ни одговорија од Министерството.

За полициските службеници и нивното поведение, во одговорот немаше ни збор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот