Штипска Апелација идната недела ќе донесе одлука по жалбата на Марјанчо Велев осуден на доживотен затвор за извршени две убиства

Во штипскиот Апелациски суд денеска се одржа јавна седница за случајот на 56–годишниот Марјанчо Велев од струмичкото село Добрејци, кој на 22 октомври 2020 година во Основниот суд во Струмица доби казна доживотен затвор за извршени две убиства врз Александар Мицев и Ристо Иљашов, а кој по извршените дела едниот го ставил во буре, а вториот во метален резервоар и ги фрлил во браната Турија.

Претседателката на Апелицски суд – Штип, Корнелија Давчева за МИА вели дека денеска на јавната седница на којашто присуствуваше петчлениот Судски совет, бранителот на Велев првостeпената пресуда ја напаѓал по сите жалбени основи и предложил да се укине пресудата и постапката да се врати повторно во првостепениот суд. Додека Вишиот јавен обвинител жалбата на бранителот ја одбил како неоснована, тој побарал да се потврди пресудата донесена од првостепениот суд, односно од Основниот суд во Струмица.

Давчева вели дека бидејќи станува збор за голем предмет Судскиот совет на Апелацискиот суд повторно ќе има советување, по што ќе се донесе одлуката. Очекува наредната недела веќе да ја имаат донесено одлуката за овој случај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот