Штипјани измамени преку социјалните мрежи

социјални мрежи фејсбук
Фото : Архива

Секторот за внатрешни работи – Штип, минатиот месец регистрирал неколку измами на граѓани преку социјалните мрежи. Измамниците, најчесто преку апликациите Фејсбук и Месинџер, остварувале контакти со граѓани на кои им ги злоупотребувале личните податоци како фотокопија од лична кaрта, трансакциска сметка и електронска здравствена легитимација, стои во соопштението.

– Наведените податоци сторителите ги злоупотребувале за стекнување и добивање брзи кредити од финансиски друштва во Република Северна Македонија, преку електронско аплицирање во име на оштетените граѓани, притоа, доведувајќи ги во заблуда дека паричните средства кои по одобрувањето на кредитите легнувале на трансакциски сметки на оштетените, се наводно помош од роднини на сторителите за лекување на болно дете, се вели во соопштението на СВР-Штип.

Паричните средства оштетените сами ги ваделе од нивните сметки и преку посредници им ги давале на сторителите, незнаејќи дека истите потекнуваат од претходно одобрени брзи кредити во нивно име.

СВР Штип апелира до граѓаните да не наседнуваат и подлегнуваат на вакви и слични измами, кои што се вршат преку социјалните мрежи и особено да внимаваат на кого ги споделуваат податоците од личните документи. Сите сомнителни случаи од ваков вид граѓаните да ги пријават во Полициска станица или на бесплатниот телефонски број 192.

Надлежните во СВР Штип велат дека интензивно работат на расветлување и документирање на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот