Штипјанец се излекувал од коронавирусот, а сега повторно е заразен

Во Штип е регистриран втор случај на повторување на коронавирсуот кај маж вработен во една конфекција во градот. Марија Димитрова директор на Центарот за јавно здравје-Штип вели дека работникот првиот пат би позитивен пред неколку месеци, а бил откриен при масовното тестирање во текстилните конфекции. Првиот пат тој бил асимптоматски, додека деновиве појавил поблаги симптоми на вирусот, по што бил тестиран и били позитивен на коронавирусот.

Претходно во првиот случај 46-годишен маж беше позитивен, а по неколку месеци се заразил по контакт од текстилниот калстер и заврши во болница.

За разлика од пред неколку месеци Штип има пад на активните случаи и поголем број оздравени.

Деновиве се појавиле позитивни случаи во две фирми во Штип, од кои една е текстилна. Димитрова вели дека останатите случаи кои се појавиле изминатите денови се контакти, а имале и цели семејства кои се заразиле по годишниот одмор.

Случај на повторна зараза со коронавирусот во јуни годинава беше забележана и во Куманово, кога медицински работници од кумановската болница го прележале коронавирусот и добиле два негативни теста, повторно се инфицирале и добиле позитивен брис, иако мислеле дека вирусот е зад нив.

Лекарите запрепастени, досега вакво нешто не виделе: Болничарка од Куманово прележала корона, сега пак е позитивна!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот