Штипјанец пронајден мртов во близина на селото Чардаклија

Полиција / Фото: МИА

Триесет и осумгодишен штипјанец е пронајден мртов во близина на штипското село Чардаклија. Во соопштениоето на СВР Штип се вели дека синоќа во 23.41 часот во СВР Штип било пријавено оти во место викано Манастирче, атар на село Чардаклија, штипско, бил пронајден починат 38-годишниот М.Е. од Штип.

– Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт, а увид извршила екипа од СВР Штип, се вели во соопштението од СВР Штип.

По насоки на Јавен обвинител телото на починатото лице е предадено за обдукција, по што ќе се утврди дали станува збор за насилна или станува збор за природна смрт или пак за несреќен случај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот