Штипјанец ќе плати пет илјади евра затоа што за време на самоизолација отишол на бербер

Триесет и две годишен штипјанец се соочува со максимална парична казна 5.000 евра бидејќи еден ден пред да му истече периодот за задолжителна самоизолација на 26 март отишол на бербер.

-Тој не постапил според одлуката на Владата со која се определуваат мерки за сузбивање и спречување на заразната болест COVID-19. Надлежниот јавен обвинител од Судот побара на обвинетиот да му определи парична казна од 100 дневни глоби, при што висината на секоја дневна глоба да биде одредена на износ од 50 евра во денарска противвредност- соопштија од штипското обвинителство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот