Штипјанец и две лица од Кочани споведени во државен карантин поради непочитување на мерките за изолација

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека во болницата се лекуваат 19 пациенти од коронавирусот, а двајца се сомнителни и ги чекаат резулатите. Пациентите се со лесна, средна, а во тешка состојба е 80 годишен пациент.

Еден штипјанец и двајца жители на Кочани се спроведени во државен карантин во Скопје, бидејќи не ја почитивале мерката за изолација и самоизолација.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панјотова информира дека од страна на полициски службеници од Полициската станица Кочани, поради непочитување на мерките на Владата за превенција и заштита од прогласената пандемија на коронавирус, како што се здравствен надзор и домашна изолација во траење од 14 дена извршен е спровод на 54 годишниот С.А. од Кочани и 22 годишниот О.У.од Штип до Скопје во објект за државен карантин.

По вчерашниот случај на заразен лекар во Итната медицинска помош денеска бројот на заразени во оваа здравствена служба е зголем за уште еден вработен, останатите петмина вработени кои биле во неделата на смена со лекарот остануваат во самоизолација и денеска веќе им се земени брисеви.

Директорката на Центарот за јавно здравје, Маријa Димитрова за МИА вели дека епидемиолозите земале и брисеви и од шестмината здравствени работници од одделот за неонатологија, акушерство и гинекологија, кои исто така се во изолација по позитивниот тест на медицинска сестра.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека во болницата се лекуваат 19 пациенти од коронавирусот, а двајца се сомнителни и ги чекаат резулатите. Пациентите се со лесна, средна, а во тешка состојба е 80 годишен пациент.

Утринава на помош на здравствените работници во болницата „8 Септември” заминаа и три медицински сестри од Одделениијата за очно, интерно и ушно од Клиничка болница-Штип.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот