Штип се подготвува за избори

Фото: Архива/ Слободен печат - Драган Митрески

Членовите на Општинската изборна комисија-Штип почнаа со работа, за да го спроведат изборот на градоначалник на Општина Штип. Вонредните избори за градоначалник на Штип се закажани на 13 декември, а вториот круг е на 27 декември. Претседателката на ОИК-Штип, Сенка Андреева вели дека до петок партиите треба да достават листа на членови, кои ќе бидат дел од избирачките одбори.

-Откако ќе се добие овој список, Општинската изборна комисија ќе може да ги формира избирачките одбори, кои ќе ги спроведат изборите. До Општинската изборна комисија се уште не е пристигната, ниту една кандидатура за градоначалник на Општина Штип, ниту од независни кандидати, ниту од политички партии, изјави Андреева.

Крајниот рок за доставување на кандидатури за градоначалник е 7 ноември до 24 часот. Андреева посочи дека тој ден ќе имаат дежурство до утврденото време.

На последните предвремени Парламентарни избори на 15 јули, годинава во Штип имаше 77 избирачки места, а  41.813 граѓани имаа право да гласаат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот