Штип: Реконструкција на Инфективното одделение во летните месеци

Фото: МИА

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев истакна дека пандемијата ги спречува да почнат со градежните работи, кои беа планирани уште во март.

Инфективното одделение при штипската Клиничка болница ќе се реконструира во текот на летните месеци. За овој објект, кој е единствен на истокот, се обезбедени 200.000 евра, од кои 30.000 се од општината, а остнатите 170.000 евра се европски пари преку Програмата за меѓугранична соработка со Бугарија.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев истакна дека пандемијата ги спречува да почнат со градежните работи, кои беа планирани уште во март.

– Договорот го потпишавме во јули минатата година, има рок од завршување од две години. Изведувачот беше избран, градежните работи требаа да почнат кон крајот на март оваа година, но со настанатата ситуација со оваа светска пандемија одложени се работите. Во првиот момент кога работите ќе си дојдат на свое место реконструкцијата ќе почне, а подразбира реконструкција на фасадата, прозорците и кровот – вели Ѓеорѓијев.

Посочи дека во проектот има и меки активности, какошто се работилници и прес-конференции, кои можат да се реализираат и по електронски пат. Ѓеоѓијев вели дека ова е трет европски проект на Клиничка болница-Штип. На наредниот повик, но и на дрги повици ќе аплицираат и за продолжување на реконструкцијата на Инфективното одделение, која ќе опфаќа втора и трета фаза. Инфективното одделение по отварањето на новиот објект на Клиничка болница Штип ќе продолжи да функционира во овој објект, а е единствен во источниот регион, во кој се згрижуваат во моментов пациентите заразени со коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот