Штип: Наместо да му помогнат, надлежните го убиле кучето за кое луѓето со месеци апелирале да се тргне од пред нивните куќи (ВИДЕО)

Прилогот на една телевизија за бездомно куче во Штип, кое жителите го нарекувале Бренда, резултираше со еутаназија затоа што луѓето не сакале да гледаат куче со болви.

Невладината организација за заштита на животните „Анима Мунди“ ги обвинува општинските власти за лошото третирање со уличните кучиња.

„Ова ли е хуманиот третман на животните кој го вети Влада на Република Северна Македонија, сите градоначалници; со кој добивте огромна поддршка од љубителите на животни на избори? Ниту забрана за еутаназија, ниту полиција за животни, ниту активисти да управуваат со стационари, ниту коњите спасени, хорор сцени секојдневно на улиците – се ветивте, НИШТО не исполнивте! А гледаме колку агилни сте кога треба да се убие! Општина Штип Македонија, градоначалник Bocvarski Blagoj , инспектори и ветеринарна станица – Штип на чело со Крсто Митев, по оваа монструозност ќе ве паметиме и кривично ќе одговарате за убивањето и на ова куче! Свесни ли сте дека секој трет граѓанин во нашата држава има,или се грижи за напуштено маче или куче. Како што тргнаа работите, СИТЕ ќе не имате за непријатели!“, пишуваат од „Анима Мунди“.

Од таму нагласуваат дека локални жители се грижеле за ова убиено куче и дека на нив им било ветено од локалниот ветеринар дека ќе му помогне на кучето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот