Штета, штета – предоцна… За што жалел Бетовен во последните мигови од животот?

EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Зошто секоја година илјадници луѓе во Јапонија ја пеат „Ода на радоста“? Со кои зборови се збогуваше Лудвиг ван Бетовен на неговата смртна постела…

Човекот што ја сакаше природата

Во текот на живот на Бетовен, градовите биле хаотични: парните машини секаде испуштале пареа во воздухот, а кочиите со своите тркала тропале по калдрмата и правеле гужва. За да го избегне градскиот живот, Бетовен често се повлекувал на периферијата на Виена, каде што уживал во природата и пасторалниот живот. Под влијание на таквиот живот, композиторот шестата од деветте симфонии ги посветил на природата и таа го добила името „Пасторална“.

Суперѕвезда на своето време

Низ историјата, многу уметници не ја добиле заслужената слава за време на својот живот. Меѓутоа, тоа не било случај и со Бетовен. Тој бил вистинска суперѕвезда во своето време. На неговиот погреб присуствувале 20.000 луѓе, тоа би било приближно половина од населението во тогашна Виена.

Instagram

Музички поздрав до вонземјаните

Велат дека првиот впечаток е најважен. Ако вонземјаните воспостават контакт со човечката култура, прво што ќе слушнат е музиката на Бетовен. Од 1977 година вселенските сонди Војажер 1 и Војажер 2 патуваат надвор од нашиот Сончев систем. Во нив има позлатени бакарни плочи со слики, звуци и музика. Бетовен не е единствениот музички амбасадор. Снимени се и Бах, Моцарт и други славни композиции, како и многу песни од различни народи.

Profimedia

Европска химна

Во 1972 година Советот на Европската Унија ја прогласи „Ода на радоста“ за официјална химна, но морале да ја скратат затоа што нејзиното траење од 25 минути било премногу долго за настани и приеми. Изменетата верзија нема стихови, најверојатно заради повеќејазичноста на Европската Унија и дипломатскиот обид да не се потенцира само еден јазик.

EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Во 1983 година 10.000 луѓе во Јапонија ги обединиле своите гласови во хор, за да ја изведат „Ода на радоста“ на Бетовен. За да ги подобрат своите гласовни способности, членовите на аматерскиот хор со месеци вежбале во бројни, индивидуални групи низ целата земја. Покрај усовршувањето на музичката интерпретација, тоа за членовите на хорот значело и учење на германскиот јазик. Ова изведување станало традиција која се случува секоја година во Јапонија. Одушевувањето на Јапонците од 9-тата симфонија оди далеку во минатото, се до настапот на германските војници за време на Првата светска војна во 1918 година, кои ја испеале „Ода на радоста“ во јапонскиот воен логор. Многу Јапонци ова музичко дело го нарекуваат „Даику“, што во превод значи „голем“.

Патување низ времето

Благодарение на музиката и партитурите, композициите на Бетовен опстанале два века. Сепак, се поставува прашањето како тие првично звучеле, ако се знае дека во тоа време инструментите поинаку свиреле и дека просториите имале различни одекнувања во однос на денешните концертни сали.
Од 2014 година Академијата „Orchester Wiener“ од Виена се обидува да го открие тоа, свирејќи на стари инструменти на постоечките оригинални локации од времето на Бетовен.

EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Последните зборови

Лудвиг ван Бетовен се простил од светот во 1827 година со зборовите: Штета, штета – предоцна…

Меѓутоа, композиторот не мислел на своите недовршени музички дела, туку на виното што го нарачал и сè уште не стигнало. Некои извори велат дека музичкиот генијалец пиел по три шишиња вино на ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот