
Штекли денеска излегува од болница – оди на домашно лекување
Раде Трајковски-Штекли којшто беше застрелан минатиот вторник во трговскиот центар „Ист Гејт“ по една недела помината на Универзитетскиот медицински центар за торакална и васкуларна хирургија, денеска ќе биде пуштен на домашно лекување, дознава „Слободен печат“ од свои извори.
Препорачано
Една недела по пресметката, Раде Трајковски по извршената операција е во стабилна состојба иако му е остранет дел од белите дробови, додека пак неговата придружба кој е со повреди во стомакот и во градната шуплина според пишувањата на дел од медиумите е приклучен на респиратор.
Минатиот вторник, во Трговскиот центар „Ист Гејт“, непознато лице пукаше кон Раде Трајковски-Штекли и уште едно лице при што беа тешко повредени. Според неофицијалните информации, на местото на пукањето кое се одвиваше на елеваторот кој води до паркингот пронајдени се седум чаури од куршуми, кои повеќе од половина завршиле во повредените.
Инаку ова е втор обид за убиство на Раде Трајковски во последните шест месеци и тоа двата обида се случија во „Ист Гејт“ каде тој секојдневно одел на вежбање.
Раде Трајковски-Штекли, се поврзуваше и со истрагата за убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. По првичните сомнежи, во истрагата за убиството не беа најдени докази за Трајковски и тој не беше обвинет.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
10мин
-
37мин
-
1час
-
8час
-
8час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5