Штедење струја: По Карпош, и Центар почна да гаси улични светилки

ЕВН - ЕЛЕМ струја светилки (2)
ЕВН - ЕЛЕМ струја / Фото: Слободен пешат / Драган Митрески

Општина Центар започна со спроведување на препораките за штедење на електрична енергија препорачани од Владата. Како што информира градоначалникот Горан Герасимовски од минатата вечер на одредени локации се гаси дел од уличното осветлување, со што треба да се заштеди електрична енергија, но , како што вели, притоа се води сметка со тоа да не се наруши нормалното функционирање на граѓаните кои живеат или престојуваат во општина Центар.

 Пред нас е една од најтешките зими на енергетски план и мораме одговорно да се однесуваме кон потрошувачката на електрична енергија. Во наредните денови ќе ги соопштиме и останатите мерки кои ќе ги спроведуваме со цел намалување на потрошувачката на струја и заштеда на средства во општинскиот буџет – соопшти Герасимовски.

За разлика од Центар, Општина Карпош со месеци наназад и покрај несогласувањето на граѓаните спроведува ваква мерка за штедење струја. На улиците кои се во надлежност на Општината откако првично сосема се гаснеше уличното осветлување во текот на ноќта, сега свети секоја втора светилка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот