Штедење наспрема вложување (инвестиција) – што е разликата?

investicija, pari, shtedenje
Credit line: Audtakorn Sutarmjam / Alamy / Alamy / Profimedia

Да се штеди или да се инвестира значи одвојување или собирање средства за вашата иднина. Најдобрите методи зависат од вашите потреби, навики и цели

Штедење наспрема вложување (инвестиција) – што е разликата?

Да се штеди или да се инвестира значи одвојување или собирање средства за вашата иднина. Најдобрите методи зависат од вашите потреби, навики и цели. Има луѓе што цел живот се посветуваат на штедење, но има и такви кои штедниот влог го претвораат во инвестиција. Што е разликата?

Штедењето значи да ги одлагате вашите пари на страна, за да можете да ги искористите во иднина. За краткорочните потреби, луѓето обично издвојуваат заштеда со сигурна камата и услуги до кои имаат брз и едноставен пристап.

Примерите на ликвидните сметки, кои имаат мал или речиси никаков ризик од губење вредност, се однесуваат најчесто на редовната штедна сметка, депозит или депозитна сметка на пазарот на пари. Ако ги користите ваквите типови сметки, можете да си помогнете за одредени вонредни ситуации во кои ви се потребни средства, капар или ако купувате нешто на рати. Исто така, може да си ја користите заштедата за да изградите сигурна количина пари за идни инвестиции.

За долгорочни потреби, размислувате и за тоа како вложените средства би ви овозможиле потенцијален приход. Плановите во овој случај се најчесто наменети за акумулирање на парите – како што е штедење за вашиот пензиски период, образованието на детето, реновирање дома или купување нов автомобил. Доколку се решите вложувањето/штедењето, да го реализирате преку штедна книшка орочена на одреден период, можете да заработите одредена сума со мал ризик. А во однос на ваквите услуги, во „Халкбанк“ АД Скопје, постојат различни депозити преку кои ќе можете да остварите сигурна и стабилна акумулација на пари.

Инвестирањето, пак, значи да се купи нешто со очекување дека во иднина ќе ви донесе повратни средства.

Најчести вакви инвестиции се акции, обврзници и недвижнини, како и фондови. Овие типови инвестиција не ви гарантираат поврат на средства, па затоа и имаат поголем ризик.

Инвестициските сметки можат да бидат доста нестабилни, можат да изгубат, но и да стекнат голема вредност во многу краток временски период. Воопштено гледано, колку поголем приход сакате да остварите, со толку поголем ризик се соочувате.

Како што ќе се приближувате до долгорочните цели, треба да размислите како ќе ги пренасочите парите од ризичните, кон загарантираните штедни сметки. Така ќе имате заокружена и безбедна сума со која ќе можете да располагате и да си ја планирате иднината.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот