Штангли со сусам и чоколадо

Состојки:
100 гр шеќер
4 лажици мед
100 гр маргарин
70 гр чоколадо
100 гр сусам
100 гр ореви

Подготовка:
Сусамот пропржете го. Оревите ситно исечкајте ги. Ставете го шеќерот во сад малку да се растопи, додадете ги маргаринот и чоколадото и сите состојки варете ги додека не се добие средно густа смеса. Додадете ги сусамот и оревите и веднаш тргнете го садот од оган. Добиената смеса ставете ја во подмачкан сад и откога ќе се олади сечете на парчиња по желба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот