Штајнмајер денес во Скопската чаршија и на средба со екипата на „Медена земја”

Франк Валтер Штајнмајер (фото: МИА)

Валтер Штајнмајер во рамки на дводневната официјална посета на земјава денеска ќе прошета низ Старата скопска чаршија, а во Чифте аман ќе се сретне со екиптата на македонскиот документарен филм „Медена земја”.

Тој ќе има средба и со младинци посетители на Политичкото училиште на Претседателскиот центар за политичко образование.

Попладне Штајнмајер ќе го посети Ветерниот парк во Богданци, прв од ваков вид на Западен Балкан, а потоа и фабриката „Дрекслмајер” во Кавадарци.

Шефот на германската држава вчера имаше средби со неговиот домаќин претседателот Стево Пендаровски, со премиерот Димитар Ковачевски, а се обрати и пред пратениците во Собранието каде порача дека Северна Македонија се наоѓа пред важна одлука дали преку претстојната промена на Уставот ќе го трасира патот за отворање на поглавјата во поединечни области.

За патот кон Европа вреди и следниот тежок чекор, рече Штајнмајер и изрази уверување дека земјата може и понатаму да се потпре на поддршката на Германија на патот кон ЕУ, но дека мора да продолжи со рефорската агенда.

Ова е прва официјална посета на Штајнмајер на Северна Македонија. Од Скопје, германскиот претседател заминува во посета на Албанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот