Штајнмајер: Целата ЕУ има итен интерес за нормализација на односите меѓу Србија и Косово

Франк Валтер Штајнмајер (фото: МИА)

Шефот на германската држава Франк-Валтер Штајнмајер на новинарско прашање на прес-конференцијата во Скопје, за тоа како ја оценува регионалната стабилност во контекст на случувањата Белград-Приштина и дали француско-германскиот предлог е добра појдовна точка за нормализација на нивните односи, рече дека целата ЕУ има итен интерес за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

Што се однесува до односот помеѓу Србија и Косово, можам да ви кажам дека целата Европска Унија има итен интерес за тоа да дојде до нормализација на односите. За тоа се подготвија, се направија и предлози. Се радувам затоа што германско – францускиот предлог сега постигна успех и се прифаќа, кажа Штајнмаер.

Спорд него, тоа би можело да ги охрабри засегнатите страни и да продолжат да соработуваат на ова поле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот