Штајнмаер: Сцените на хоас во Авганистан се срам за Западот

Авганистанците бегаат од Талибанците на аеродромот во Кабул/Фото: Screenshot Twitter: @sudhirchaudhary

Сцените на хаосот на аеродромот во Кабул откако талибанците ја презедоа власта во Авганистан се „срам за Западот”, изјави денеска германскиот претседател Франк -Валтер Штајнмаер.

-Сцените на очај на аеродромот во Кабул се срам за политичкиот Запад, рече шефот на германската држава, осврнувајќи се на „човечката трагедија” низ која Авганистанците поминаа очајно обидувајќи се да ја напуштат земјата, за што, како што рече, одговорен е Западот.

По молскавична офанзива, во време кога Американците се повлекуваа од Авганистан, талибанците ја презедоа контролата врз земјата и настанаа сцени на хаос и паника на аеродромот во Кабул, единственото место за напуштање на земјата.

Штајнмаер кажа дека тоа е политички прекин што го потресе светот и што ќе го промени. Американците планираа своето повлекување од Авганистан да го завршат до крајот на месецот.

Штајнмаер додаде дека Германија, која, како и другите западни земји, се обидува да организира операција за евакуација во оваа конфузна ситуација, треба да „стори сé што е во нејзина моќ” за безбедно да ги префрли своите граѓани, како и сите Авганистанци кои ги поддржувале во текот на годините.

Германски воен авион што синоќа успеа да слета во Кабул на крајот можеше да пренесе само седум лица со себе, додека стотици други чекаат да бидат префрлени во Германија.

Во последните денови германските власти не го кријат своето незадоволство од САД, кои одлучија да се повлечат од Авганистан, што го забрза враќањето на талибанците на власт.

Министерот за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер го повика НАТО, чии претставници денеска итно се состануваат, да извлече поуки од неговиот неуспех во Авганистан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот