„ШТАЈЕРСКАТА ГАРДА“ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Словенечката паравоена формација ПОВТОРНО патролира близу Хрватска

Фото: Фејсбук

Словенечката паравоена формација „Штајерска гарда“ патролира по пограничната зона, каде, како што кажува нејзиниот лидер Андреј Шишко, не пресретнува илегални мигранти, туку ја известува полицијата за нивното присуство, пишува Ројтерс.

Британската агенција пренесува дека припадниците на „Штајерска гарда“ наоружани со воздушни пушки патролираат во шумите недалеку од Хрватска во пограничната зона, која како што тврди Шишко, е преполна со илегални мигранти.

Групата со повеќе од 50 членови, од кои некои носат маски на лицето и во која има и жени, ја предводи Андреј Шишко, лидер на ванпарламентарното националистичко Движење за обединета Словенија.

Шишко, својот ангажман го објаснува со тоа дека словенечките власти не ги завршуваат своите обврски за заштита на Словенија од тоа што го сметаат за мигранска закана и затоа, вели тој, ја основал „Штајерската гарда“, пренесува Ројтерс.

– Должноста на сите нас ни е да ја осигураме безбедноста во нашата земја. Ако државните органи кои се платени за тоа, не можат или не сакаат, ние можеме да им помогнеме и тоа е тоа што го правиме, рекол Шишко.

Антимигрантското расположение во Словенија и другите бивши комунистички држави значително е во пораст од 2015 година.

Според податоците на словенечката полиција, бројот на мигранти кои илегално преминуваат од Хрватска во Словенија пораснал на 11.786 во првите девет месеци од оваа година, во однос на 6.911 од 2018 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот