„Штафетен“ откуп на дебарското јагне

Две фирми, една од Скопје и една од Кавадарци заинтересирани да ги купат дебарските јагниња.

Во Дебар денеска почна откупот на јагнињата. Изнесувањето од градот кој е под карантин, е преку штафетен утовар и истовар.

Според Скендер Аме, претседател на здружението на одгледувачи на овци „Даши” кое ги опфаќа сточарите од Дебар и Центар Жупа, откуп вршеле две фирми, една од Скопје и една од Кавадарци.

-Денеска, на првиот ден од откупот, фирмите „Серта” од Кавадарци презема над 1.500 јагниња, додека фирмата „Стокопромет” од Скопоје преку 300. Очекуваме деновиве откупот на продолжи. Откупната цена по килограм жива мера изнесува 120 денари, што е за 20-25 денари помала споредено со лани, вели Аме.

Додаде и дека поради фактот што сточарте одлучиле да остават за приплод поголем број од јагнињата, за откуп имало околу 10.000 грла од двете општини. За откуп остануваат уште околу 8.000 јагниња.

Одлуката за откуп на дебарските јагниња ја донесе Владата на вчерашната седница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот