Штабот на Бајден: „Трамп е во паника, ќе го „растуриме“ на изборите“

Џо Бајден

Изборниот штаб на демократскиот претседателски кандидат во САД, Џо Бајден, денеска објави дека телевизискиот спот на претседателот Доналд Трамп е доказ дека е „во паника“ и знае дека Бајден „ќе го скрши на изборите“.

Соопштението е дадено како одговор на веста дека Трамп потрошил 8 милиони американски долари на реклама, фокусирајќи се на работата на поранешниот потпретседател во борбата против корупцијата во Украина.

Рекламната кампања, која вклучува уште 2 милиони долари од Националниот комитет на републиканците, е насочена кон демократите во клучните американски окрузи, и доаѓа кога Трамп се соочува со истрага што може да доведе до негово повлекување, по обвинувањата од неименуван поборник кој вели дека Трамп направил притисок врз украинскиот претседател да ги испита Бајден и неговиот син Хантер.

Видеото на Трамп ги истакнува напорите на Бајден за условување помош на Украина со отпуштање на главниот обвинител и тврди дека отпуштениот обвинител го истражувал Хантер Бајден.

Обвинителството, всушност, не спроведе некои поголеми антикорупциски истраги, што ги направи меѓународните донатори на Украина незадоволни.

Агенцијата додава дека барањето за разрешување на обвинителите, Бајден претставил официјален став на американската администрација, која ја делеле западните сојузниците на Америка и многумина во Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот