Шри Ланка во страв: Затворена централната банка и патот кон аеродромот, апсењата продолжуваат

Влатите во Шри Ланка ја затвориле централната банка, како и патот кој води до аеродромот во Коломбо, стравувајќи од нови бомбашки напади во земјата, пренесуваат светските медиуми.

Полицијата продолжува со апсења, после бомбашките напади на Велигден, во кои починаа 359 лица, додека околу 500 луѓе беа повредени.

Во оваа островска држава владее нервозна атмосфера, а функционерите затвориле дел до главниот аеродром во престолнината на Шри Ланка, откако на тамошниот паркинг било забележано сомнително возило.

Претходно денеска е објавено дека на Шри Ланка се приведени 16 лица, меѓу кои има и странски државјани, во врска со истрагата за бомбашките напади.

На островот денеска се случила уште една експлозија, во градот Пугода, оддалечен околу 40 километри од Коломбо, но немало жртви ниту материјална штета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот