Шри Ланка: Седум лица уапсени за експлозиите, 200 мртви

Според најновите информации уапсени се седум лица, кои се обвинети за бомбашките напади на неколку локации во земјата, а зад нападите би можела да стои локална радикална муслиманска организација, пренесуваат западните медиуми.

Голем број светски медиуми пренесоа, повикувајќи се на информациите на „АФП“, дека властите пред десет дена добиле информации кои навестувале можност за извршување на терористички напад.

Во серијата напади што се случија во неколку цркви и хотели на денот кога католиците го празнуваат Велигден, загинаа над 200 лица, а 500 се повредени.

Само во една црква загинаа над 50 лица, изјавија полициските службеници. Владата во Шри Ланка воведе полициска час и најави дека следните два дена ќе бидат неработни.

Полицијата јави дека во нападите животот го загубиле и 35 странски државјани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот