Шри Ланка им врати на Британците неотпакувани контејнери со отпад (ВИДЕО)

In this handout picture provided by Sri Lankan Customs on July 23, 2019, customs officials inspect the load of a container at a port in Colombo. Sri Lanka customs on July 23 ordered the return of container loads of hazardous mortuary and clinical waste illegally imported into the island from Britain.,Image: 460310851, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Handout / AFP / Profimedia

Шри Ланка ги врати контејнерите со отпад во Велика Британија, за кои Владата соопшти дека биле испорачани во спротивност со меѓународните закони со кои се регулира транспортот на опасни материјали.

Царински службеници изјавија дека 21 контејнер за транспорт, во кој имало до 260 тони ѓубре, прво пристигнале на главното пристаниште во главниот град Коломбо во периодот од септември 2017 до март 2018 година и дека тие контејнери се транспортирани од Шри Ланка во саботата.

Контејнерите требало да содржат користени душеци, теписи и килими, но во нив имало и болнички отпад, соопштија официјални лица.

Испраќачот се согласи да земе назад 21 контејнер … Работиме на тоа да обезбедиме компензација од одговорните за пристигнувањето на контејнерите во земјата, рече портпаролот на Царината, Сунил Јајарат.

Царината не открива за каков вид болнички отпад станува збор, но во претходно нелегално увезените контејнери имало партали, завои и тела од мртовечница.

Дополнителни 242 контејнери од Велика Британија, за кои Владата вели дека содржат нелегален отпад, спротивно на меѓународното право, сè уште се напуштени во истото пристаниште во зоната за слободна трговија пред Коломбо.

Тие пристигнаа во 2017 и 2018 година.

Владата ги тужи испраќачите да отстранат 242 контејнери од земјата.

Во последниве години, неколку азиски земји одбија да бидат третирани од богатите земји како место за отстранување отпад и вратија контејнери полни со ѓубре што доаѓаа од странство. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот