Шредер се откажа од функцијата во Росњефт

Поранешниот германски канцелар, Герхард Шредер/ Фото EPA-EFE/OMER MESSINGER

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер сака да се откаже од функцијата шеф на надзорниот одбор на рускиот нафтен гигант Росњефт, соопшти компанијата.

Шредер – кој е под зголемен меѓународен притисок за неговите деловни врски со Русија откако Москва ја започна инвазијата на Украина во февруари – најави дека е невозможно за него да го продолжи мандатот во одборот, соопшти Роснефт, без да даде дополнителни детали.

Долго време предмет на жестоки критики во Германија за неговите врски со Русија, на 78-годишникот му беше отстрането правото на канцеларија во Бундестагот оваа недела и се соочува со повици да биде санкциониран од Европскиот парламент.

Шредер беше претседател на Социјалдемократската партија од 1998 до 2005 година и, по напуштањето на функцијата, продолжи да работи за руските енергетски гиганти Газпром и Роснефт.

Германија ја затвори канцеларијата на Шредер поради неговата блискост со Путин

Шредер не му врти грб на својот добар пријател иако неговиот персонал поднесе оставка

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот