Шредер неколку часа разговарал со Путин околу украинската криза

Шредер и Путин/ Фото EPA/SERGEI ILNITSKY

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер во четвртокот се сретнал со рускиот претседател Владимир Путин и разговарал неколку часа во обид да се стави крај на војната во Украина, пишува германскиот весник Билд, но не се знае што се постигнало во тој разговор.

Билд пишува дека Шредер нашироко разговарал и со најблиските советници на Путин. Шредер ја напуштил Москва со сопругата и заминал за Истанбул, пишува весникот, не откривајќи детали од разговорот.

Поранешниот канцелар, кој е пријател на Путин и има врски со руски компании, се сретна со група Украинци поврзани со делегацијата на Украина за мировни преговори со Русија во Турција во понеделникот вечерта, пишува весникот.

Шредер не му врти грб на својот добар пријател иако неговиот персонал поднесе оставка

„Тој е единствениот со лични контакти со Путин и со украинските претставници“

Шредер во моментов е единствената личност која има лични контакти со Путин и украинските претставници.

Политико беше првиот што објави дека Шредер лета за Москва на разговори со Путин, а извори од германската влада велат дека таа не била вклучена во организирањето на посетата.

Владината канцеларија за медиуми се повика на изјавите на канцеларот Олаф Шолц во петокот кога тој одби да коментира за средбата, освен дека ќе ги земе предвид сите резултати и ќе ги вклучи во другите напори на кои беше ангажиран.

Шолц, кој во понеделник патува за Турција, разговараше со Путин во саботата во трипартитен телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон.

Шредер, социјалдемократскиот канцелар од 1998 до 2005 година, е член на одборот на рускиот нафтен гигант Роснефт и претседател на акционерскиот комитет на компанијата за изградба на гасоводот Северен тек 2, проект кој е стопиран.

Тој се соочи со повици од некои политичари од германската влада да се повлече поради руската инвазија на Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот