ШПИОНСКА АФЕРА ЈА ТРЕСЕ СРБИЈА: Британски МИ6 го прислушкува телефонот на Вучиќ!

фото: Курир.рс

Агенти на британската служба МИ6, чија единица е стационирана во Црна Гора, го прислушуваат државниот врв на Србија, пренесува курир.рс.

На удар се претседателот Александар Вучиќ, неговиот секретар Никола Селаковиќ, министерот на полиција Небојша Стефановиќ, шефот на дипломатија Ивица Дачиќ, градоначалникот на Нови Сад, Милош Вучевиќ, но и сите српски политичари од Косово и Метохија.

Шпионите им ги пратат повиците, им ги читаат СМС, Воцап и Вајбер пораките и ги повлекуваат податоците од телефоните.

Опремата на шпионите чини околу 1,5 милиони евра и толку е современа што може да повлече податоци од телефон во дијаметар од 15 километри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот