Шпигел: Хаос во американскиот протекторат – Трамп го заострува курсот, на Косово се „цементира“ влијанието на САД

Архива на СП

Германскиот весник наведува и дека „Трамп сега го заострува курсот на поранешните американски претседатели“.

За новата косовска влада се одлучува во Берлин: на Парискиот плоштад каде и натаму официјално е едно од работните места на амбасадорот на САД, Ричард Гренел.

– Гренел за претседателот на САД Доналд Трамп би требало на дипломатската бина да организира триумф: трајно решение во најсиромашната земја на стратешки важниот Западен Балкан, се наведува во текстот.

Исто така, во четивото се наведува дека мировниот договор меѓу Србија и нејзините поранешни покраини, САД изгледа сакаат да ги постигнаt со размена на територии, вклучувајќи и промена на границите – на што се противат повеќето земји членки на Европската Унија.

Повеќето земји на ЕУ сметаат дека промените на Балканот се крајно опасни – наведува „Шпигел“.

Враќање на Рамуш Харадинај

Германскиот весник наведува и дека „Трамп сега го заострува курсот на поранешните американски претседатели“.

– Трамп го третира Косово како протекторат и го цементира барањето на Вашингтон за влијание во „задниот двор“ на ЕУ. Тоа го покажуваат случувањата во врска со промената на косовскиот премиер Албин Курти на 25. март. Кога неговата партија на есенските избпри освои најголем број гласови, веднаш стана јасно: многу граѓани очигледно сакаа да раскрстат со стариот систем на Косово. Нивната влада беше прва во Приштина во која воените ветерани го немаа главниот збор. Исто така, Курти се смета за борец против корупцијата, пишува во текстот.

Албин Курти / Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Курти, наведува „Шпигел“, се изјасни против промена на границите.

  • Неговата влада преживеа само седум недели. Вршителот на должност премиер ги обвини САД дека се вмешани во разбивањето на неговата коалција. Додека канцеларката Меркел изрази солидарност со Курти, Гренел очигледно одамна ги подготвуваше претседателите на Србија и на Косово на промена на курсот на Приштина – стои во текстот.

„Шпигел“ наведува и дека американскиот амбасадор Гренел, на Косово отворено и јавно славеше поради неуспехот на Курти.

Рамуш Харадинај / Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

– Во иднина во Приштина повторно на власт би можела да дојде партијата на Рамуш Харадинај – поранешниот герилски командант кој веќе со децении ја ужива наклонетоста на Вашингтон – се заклучува во текстот на новинарот Валтер Мајер.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот