Шпанските власти во борбата со коронавирусот ќе се потпрат и на армијата

Шпанија има вкупно 28.797 смртни случаи/ Фото: EPA

Властите во Шпанија објавија дека во борбата против пандемијата на коронавирусот ќе се потпрат и на армијата, чии 2.000 припадници ќе бидат распоредени за да им помогнат на регионалните власти во следење на заразените.

Според шпанскиот премиер Педро Санчез, развојот на епидемијата во Шпанија е „загрижувачки”, иако, како што додаде, ситуацијата е сè уште далеку од она што беше кон средината на март, кога Шпанија воведе еден од најстрогите видови на карантин во Европа.

– Не можеме да дозволиме пандемијата повторно да почне да ја презема контролата врз нашите животи. Контролата мора да ја преземеме ние и да ја разбиеме втората крива на раст на бројот на инфекции, рече Санчез.

Во Шпанија до сега се регистрирани повеќе од 405.000 случаи на Ковид-19, а бројот на починати надмина 28.800.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот