Шпанскиот премиер Санчез следната недела во официјална посета на Кина

Педро Санчез / Фото: EPA-EFE/JUAN CARLOS HIDALGO

Шпанскиот премиер Педро Санчез следната недела ќе допатува во официјална посета на Кина на покана на кинескиот претседател Си Џинпинг за да работи на изнаоѓање мирно решение за ставање крај на војната во Украина, потврдија од неговиот кабинет.

Кина се обидува да ја преземе улогата на посредник во мировните преговори, поради што Си помина три дена во Москва претходно оваа недела, каде разговараше со рускиот претседател Владимир Путин. Кина се обидува да се позиционира како неутрална страна во војната и минатиот месец го претстави својот мировен план од 12 точки.

Членот на шпанската влада, Феликс Болањос, го оправда патувањето на својот премиер во Кина со тоа што Кина има клучна улога во мировните преговори. Во јули Шпанија ќе го преземе претседавањето со Советот на Европската унија, а пред еден месец, при посетата на Киев, Санчез изрази безрезервна поддршка за украинскиот претседател Володимир Зеленски, поддржувајќи го неговиот мировен план.

Санчез ќе го искористи своето патување во Кина за зајакнување на економските врски, па на 30 март ќе учествува на Форумот Боао за Азија во Хаинан, состанок сличен на Светскиот економски форум во Давос, а потоа ќе се упати во Пекинг на средба со Си.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот