Шпанскиот премиер и каталонскиот лидер се договорија да преговараат за поголема автономија на Каталонија

Фото: МИА

„Шпанската Влада предлага нов почеток“, изјави социјалистичкиот премиер пред новинарите по средбата.

Шпанскиот премиер Педро Санчез, првпат по една година, се сретна со каталонскиот лидер Ким Тора за да ги договорат преговорите, што ќе почнат подоцна во текот на овој месец.

Со планот се сака да се адресира барањето за независност на Каталонија и да се подобрат односите откако во 2017 година Каталонците се обидоа да се отцепат од Шпанија. Ќе се разговара за околу 44 веќе утврдени точки, од оданочувањето до децентрализацијата, но не и за правото на самоопределување.

-Изминатата деценија беше жална. Никој не победи и сите загубивме – рече Санчез по средбата во Барселона.

„Шпанската Влада предлага нов почеток“, изјави социјалистичкиот премиер пред новинарите по средбата.

Разговорите меѓу Мадрид и каталонската Влада беа услов од левичарските сепаратисти од партијата Esquerra Republicana de Catalunya (ERC) за минатиот месец тие да бидат клучни за потврдата на Санчез како премиер, по неколкуте месеци на политички застој.

Сецеонистичкото движење во овој богат североисточен регион во 2017 година ја почна најголемата политичка криза во Шпанија во последните неколку децении. Каталонија тогаш унилатерално прогласи независност по референдумот, што судот го прогласи за илегален.

Во нацртите на преговорите што следат владата на санчез се согласи да го разгледа каталонското барање за поголема фискална автономија, вети зголемени инвестиции во каталонската инфраструктура и дека ќе ги проучи начините за измена на регионалниот систем за јавно финансирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот