Шпанскиот парламент започна со работа, но нема знаци за формирање влада

Фото: МИА

По изборите во ноември, шпанските пратеници денеска се вратија во Парламентот, но и понатаму нема јасни знаци дека наскоро ќе биде формирана нова влада и ќе бидат избегнати нови избори.

Пратениците денеска треба да изберат претседател на Парламентот, кој потоа треба да се сретне со шпанскиот крал Фелипе Шестти.

Потоа кралот Фелипе Шестти во следните неколку недели треба да се сретне со лидерите на парламентарните партии со цел да се избере мандатар.

Актуелниот премиер Педро Санчез има најголеми шанси да биде мандатар, бидејќи неговата Социјалистичка партија на изборите одржани на 11 октомври освои 120 пратенички места.
Санчез потпиша договор со левичарската партија „Заедно можеме” (Унидас Подемос), која освои 32 места во Парламентот.

За формирање владејачка коалиција потребни се 176 од вкупно 350 пратеници во Парламентот.

Шпанија е последната од 29. Земји-членки на НАТО што го нема ратификувано Договорот за членство на Северна Македонија во Алијансата. Ратификацијата треба да биде одобрена од шпанскиот Парламент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот