Шпански лек покажува голема ефикасност во лекување на ковид-19

Шпанската фармацевтска компанија ФармаМар во вторникот извести дека во магазинот Сајенс е објавена статија која потврдува дека нејзиниот лек Плитидепсин има „силно претклиничко влијание“ во лекување на ковид-19.

Студијата која ја спроведе тим на научници од Њујорк, Сан Франциско и Париз покажува дека лекот влијае на намалување на размножувањето на вирусот, што резултира со 99 отсто намалување на вирусот во белите дробови на животните третирани со Плитидепсинот, објави Сајенс.

Лекот е веќе одобрен на некои пазари

„Веруваме дека податоците со кои располагаме и почетните позитивни резултати од клиничките испитувања на ФармаМар укажуваат на тоа дека Плитидепсин би требал да се разгледа во проширените клинички испитувања за лекување на ковид-19“, пренесува Сајенс.

Лекот, кој веќе е одобрен на некои пазари за лекување на тумор, го блокира протеинот поврзан со вирусот ковид-19.

Компанијата ФармаМар извести дека веќе е во преговори со различни регулаторни агенции кои ќе и овозможат почеток на третата фаза од испитување на лекот.

Извор: Индекс.хр

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот