Шпански фудбалер барајќи државјанство дозна дека е принц, наследи остров и големо богатство

Жорди Амат не е некое познато име во фудбалскиот свет и во овој момент настапува во клуб од Малензија, но сега се најде во центарот на вниманието откако и самиот дозна дека е принц.
Имено, Амат е Шпанец по потекло од Малезија, а одлуката да ги следи своите корени му го промени животот. По потеклото на неговата баба тој побара и доби индонезиско државјанство, меѓутоа во целиот процес тој дозна дека всушност е принц на еден остров во оваа земја.
View this post on Instagram
Станува збор за остров по името Сиау на кој живеат 45.000 луѓе и се протега на 16.000 квадратни километри.
Освен што се здоби со титулата принц, Амат наследува и големо богатство. Неговата баба била во крвно сродство со поранешниот крал и сега поголем дел од островот е на фудбалерот.
Инаку низ кариерата Амат настапуваше и за познати клубови како Еспањол, Рајо Ваљекано, Свонси, Бетис и Еупен. Неодамна тој го запиша и своето деби за Индонезија. Барем според најавите Амат и покрај тоа што сега е принц ќе продолжи да игра фудбал.