Шпански брод потонал во близина на Канада: 4 мртви и 15 исчезнати

Фото Arturo Rosas / VWPics / Alamy / Alamy / Profimedia

Шпански рибарски брод денеска потона во близина на канадскиот остров Њуфаундленд. Најмалку четири лица загинаа, тројца членови на екипажот се спасени, а 15 се водат како исчезнати, објавија локалните медиуми и АФП.

Во тек е спасувачка операција, чија цел е пронаоѓање на исчезнатиот екипаж, кој се состоеше од 22 члена, потврди портпаролката на шпанската влада Изабел Родригез. Канадски хеликоптер пристигна на областа која се наоѓа на околу 450 километри од островот Њуфаундленд, а спасувачките служби се на пат.

Бродот по име Вила де Питанксо почнал да плови од шпанскиот регион Галиција и потонал во 01 часот по локално време, а информацијата за шпанско радио ја потврдила и претставничката на локалните власти Маица Лариба. Екипажот се состои од 12 Шпанци, 8 Перуанци и двајца државјани на Гана. Два чамци за итни случаи биле празни, а четвртиот наводно исчезнал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот