Шпанската полиција следејќи крадци на цигари од автомати, случајно открила две големи плантажи со марихуана

Плантажа со марихуана, Фото: Архива на СП

Шпанската полиција уапси шест лица и заплени 16.000 стебла марихуана тешки 3,5 тони за време на рација во североисточниот регион Арагон.

Двете големи плантажи со марихуана се откриени откако полицијата неколку месеци следела група албански државјани кои краделе цигари од автомати поставени во кафулињата и бензиските станици.

До двете плантажи со марихуана се стигнува само пешки преку тешко прооден пат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот