Шпанската полиција разби кинеска банда која продавала канабис низ цела Европа

epa09086873 Spanish Riot police stand guard during a new protest against the imprisonment of Spanish rapper Pau Rivadulla Duro, A.K.A 'Pablo Hasel' in Madrid, Spain, 20 March 2021. Hasel was given a nine-month-prison sentence late January after the Supreme Court found him guilty of incitement to terrorism and offense against the dignity of the Spanish Crown and State institutions in his lyrics. EPA-EFE/VICTOR LERENA

Шпанската полиција денеска соопшти дека разбила една од најголемите банди во земјата која одгледувала канабис и го продавала низ цела Европа.

Во големи операции во неколку шпански градови, Португалија и Холандија, полицијата уапсила најмалку 65 лица, повеќето кинески државјани.

Во акциите помогнати од Европол, учествуваа повеќе од 350 припадници на безбедносните сили кои извршиле претрес во 29 големи магацини и други објекти во Барселона, Тарагона, Овиедо, Хихон и Билбао и во приватни резиденции во Португалија и Холандија.

Полицијата открила 13 плантажи во затворено со скоро 40.000 стебла марихуана чии исушени пупки може да се продадат за шест милиони евра на европскиот црн пазар.

Бандата, која бизнисот го водела главно од базата во Барселона, исто така е под истрага за киднапирања и други злосторства извршени во војната за контрола на производството и продажбата на марихуана.

Кинеските власти им помагале на шпанските колеги во истрагата за можна трговија со луѓе и перење пари, во врска со операциите на разбиената банда.

Видео на денот