Шпанската полиција која уапси екс фудбалер на Реал Мадрид открива во која лига има највеќе местенки

Шпанската полиција и проследни на Европската фудбалска федерација (УЕФА) информации за наместени фудбалски натпревари, пренесува порталот „Ел Конфидентал“.

Веќе подолг период трае акција на шпанските власти против корупција во фудбалот,а по откривањето на валканиот веш во  својата лига кој донесе апсење на поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Раул Браво, Шпанците се одлучија да одат чекор понатаму.

Според шпанската полиција, кипарската прва лига е означена ако најкорумпирана во Европа. Веднаш реагираше УЕФА која ги побара сите информации за местењето на натпреварите.

Главниот извор на информации за шпанската полиција е фудбалерот Хорхе Ларене кој од 2014 до 2019 година играше за екипата на АЕК Ларнака.

Според Ларене во последните две сезони имало доста наместени натпревари кои и донеле огромна заработка на обложувачката мафија во Шпанија.

Истрагата на шпанската полиција траела четири месеци, а дел од неа бил Хозе Марија Олмо, новинар кој тврди дека степенот на корупција во Кипар е незамислив до толку што пред стартот на првенството се знае кој ќе ја освои титулата, Купот, а и кои екипи ќе играат во европските купови.

– Тоа е степен на корупција кој оди надвор од спортот, се до највисоките кругови на општеството – изјави Олмо.

Челните луѓе на АЕК Ларнака, но и на АПОЕЛ Лимасол кој исто така е споменат во истрагата, демантираа учество во било какви сомнителни работи поврзани со местење на натпревар, додека Кипарската фудбалска федерација објави дека се уште не добила никаков допис од УЕФА поврзан со местенките.

Инаку, истрагата на шпанската полиција која започна во 2018 година доведе до апсење на повеќе од 50 фудбалери меѓу кои беше и поранешниот играч на Реал Мадрид, Раул Браво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот