Шпанската полиција соопшти дека запленила рекордни 32 тони канабис

Канабис / фото МИА

Шпанската полиција денеска соопшти дека запленила 32 тони канабис, посочувајќи дека станува збор за светски рекорд. Вредноста на дрогата на црниот пазар изнесува околу 64 милиони евра.

Канабисот е запленет како дел од истрагата во која беа уапсени 20 лица.

Полициската операција беше спроведена во изминатите неколку недели во неколку шпански градови, вклучително и Толедо и Валенсија, каде што осомничените го складирале најголемиот дел од својата стока

Според шпанската полиција, канабисот бил спакуван со план да биде дистрибуиран во различни шпански региони, но и во странски земји, „главно во Швајцарија, Холандија, Германија и Белгија”.

Во акцијата се приведени 20 лица на возраст од 20 до 59 години. Од нив, девет се мажи, а 11 се жени. Криминалната група на која и припаѓаат „го контролирала целиот процес на производство и дистрибуција на дрога”, објаснуваат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот