Шпанска пита со спанаќ

Состојки:

300 грама спанаќ
2 јајца
100 грама урда
100 грама кисела павлака
150 милилитри јогурт
100 милилитри млеко
200 грама палента
1 прашок за печиво
брашно по потреба
сол
масло

Подготовка:

Убаво измијте го и исчистете го спанаќот, а потоа кратко обарете го.
Исцедениот спанаќ ставете го во подлабок сад, а во него ставете ги и јајцата, киселата павлака, сирењето, јогуртот и млекото со малку сол. Убаво измешајте ги сите состојки, а потоа во садот додајте ја и палентата заедно со прашокот за печиво. Убаво измешајте, а потоа по потреба додајте обично брашно. Смесата што ќе ја добиете треба да наликува на смеса за подготовка на палачинки.
Вака подготвената смеса, ставете ја да се пече во претходно загреана рерна на температура од 200 степени околу 40 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот